Сите патишта кои водат до Луганск, град во Украина оддалечен 25 километри од Русија, се затворени од полицијата, откако про-руските поддржувачи го заземаа седиштето службите за безбедност.
„Непознатите лица кои се во зградата, стигнале до оржјето и го заземале“, соопшти полицијата, која информираше дека како последица, блокирани се сите патишта кои водат до градот.
Упадот во објектот запиочна вчера, а демонстрантите употребувале јајца, камења, димни бомби, а фрлена била и една рачна бомба.
Во Харков пак, зградата на регионалната управа која беше заземена од страна на проруски демонстранти, повторно е во рацете на украинските власти.
Зградата е „целосно ослободена од сепаратисти“, соопшти украинскиот привремен министер за внатрешни работи, Арсен Аваков во порака на Фејсбук.