Украина соопшти дека нејзините беспилотни летала со долг дострел погодиле голема нафтена платформа во Каспиското Езеро за прв пат оваа недела, што означува нова ескалација во сè поинтензивната кампања на Киев за прекинување на приходите од енергија на Москва што ја финансираат нејзината војна. Мисијата, која претходно беше ненајавена, означува значително проширување на списокот на цели на Украина, објавува Си-ен-ен.
Ова е првиот украински напад врз руската инфраструктура поврзан со производството на нафта во Каспиското Езеро“, изјави за Си-ен-ен извор во Службата за безбедност на Украина, нарекувајќи го „уште еден потсетник за Русија дека сите нејзини претпријатија што работат за војна се легитимни цели.
Нападот бил насочен кон нафтената платформа Филановски во сопственост на Лукоил, за која се вели дека е најголемото нафтено поле во рускиот сектор на Каспиското Море. Си-ен-ен. контактирал со Лукоил и руското Министерство за одбрана за коментар.




