Украинскaта полиција го нападна главниот анти-владин протестен камп во Киев.
Гласни експлозии се слушаат насекаде а распоредени се водени топови за да ги разбие демонстрантите, јавува Би-Би-Си.
Во текот на денот, најмалку девет лица загинаа, вклучувајќи и двајца полицајци, додека демонстрантите и безбедносните сили се судрија во најголемото насилство во откако се одржуваат протестите со недели.
Безбедносните сили претходно им дадоа на демонстрантите рок- до 18:00 по локално време да се стави крај на немирите.
Полицијата го опкружи Плоштадот на независноста – познат локално како Мајдан- кој е сцена на претежно мирнниот протестен камп од ноември.
Претходно, лидерот на опозицијата Арсениј Јаценук инсистираше дека протестниот камп “нема да се повлече еден чекор од тука, од Мајдан”.
“Ние немам каде да се повлечеме, Украина е зад нас и иднината на Украина е пред нас. Без страв, само вера во нашата сила, само солидарност и единство, само взаемна поддршка.”

