Тројца поранешни пост-советски претседатели ја дадоа својата поддршка на демонстрантите кои протестираат против украинската Влада.
Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко изразија “солидарност„ со мирни демонстрации, објави партискиот сајт на Виктор Јушченко, јавува Би-Би-Си.
Десетици илјади демонстранти ги опкружија владините згради во Киев. Демонстрантите се лути на одлуката на Владата да не го потпише договорот со ЕУ.
“Изразуваме солидарност за мирните граѓански протести на стотиците илјади млади Украинци”, изјавија тројцата поранешни претседатели во соопштението.
Тие ја осудија “прекумерната употреба на сила против мирните демонстранти” и ги повикаа сите страни да се воздржат од понатамошно насилство. Поранешните претседатели ги повикаа лидерите на протестот и Владата да се вклучат во “отворен дијалог”, земајќи ги во предвид “европските аспирации на украинскиот народ”.