Про-руските вооружени лица ги контролираат украинските трупи во Словјанск, војниците се „заложници“, јавува Ројтерс, пренесува Ал Џезира.
Според наводите, некои од војниците од украинските трупи од Днипропетровск, својата поддршка ја насочиле кон Русија.
– Сите војници и полициски службеници сме овде, никој од нас нема да пука врз нашиот народ, вели еден од војниците, пренесува Ал Џезира.
Веста доаѓа откако украинското Министерство за одбрана соопшти дека во Луханск, про-руските вооружени лица земале двајца од Украинци како заложници.
Според министерството, полицаец и војник биле заробени од „екстремисти“ и однесени кон непозната локација.
Украинскиот премиер, Арсениј Јацењук реагираше на овие вести, тврдејќи дека Русија спроведува „тероризам“ во неговата земја.