Привремената влада на Украина ја обвини Русија за упад во југоисточниот регион на Крим, откако вооружени лица заземаа два аеродрома во областа која го поддржува сменетиот претседател Виктор Јанукович.
Според украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков, главниот аеродром Симферопол, и воениот во Севастопол, се заземени од федералната морнарица на Русија.
„Гледам што се случува – вооружена инвазија и окупација, спротивно на сите меѓународни договори и норми. Ова е директна провокација за крвопролевање на територија на суверена држава“, напиша Аваков на Фејсбук.
Федералната морнарица на Русија пак, објави соопштение со што ги негира обвинувањата и инсистира дека нејзините сили не заземале ништо и не дејствувале на аеродромите, пренесува агенцијата Интерфакс.
Олександар Турчинов, актуелниот претседател на Украина кој го замени Јанукович, пред Парламентот истакна дека им наредил на војската и полицијата да преземат „било какви мерки“ за да ги заштитат украинските граѓани.
Во неговата изјава, тој ја предупреди Русија дека секакво движење на пристаништето на Црното море во Крим, ќе се смета за „воена агресија“.