Лидерите на новата влада во Украина ги мобилизираат војниците во недела, откако стигнаа знаци за руска воена интервенција на Кримскиот полуостров на Украина, јавува Си-Ен-Ен.
Украинскиот Национален совет за безбедност нареди мобилизација откако рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли предупредувањата од светските лидери да се избегне воена интервенција во Крим, реше високиот украински официјален претставник, Андриј Парубји.
Веста дојде откако про-руските сили веќе беа во Крим, кој претставува автономен регион на источна Украина со силна лојалност кон соседна Русија.
Украинскиот Парламент расправаше зад затворени врати во недела. На затворањето на седницата, в.д. министер за одбрана Ихор Технјух изјави дека Украина нема воена сила да се спротивстави на Русија, според брифингот на двајца парламентарни членови присутни на состанокот.
Тенјух повика на разговори за решавање на кризата со Русија, велат тие.
Руски конвој
Про-руски демонстрации на Крим
Каркив, еден од градовите во Украина, каде се судрија про и анти- руските демонстранти