Украинскиот парламент денеска ќе одржи вонредна седница со единствена точка на дневен ред смирување на двомесечните немири.
Се очекува парламенрците да гласаат за повлекување на спорниот закон кој строго ги ограничува демонстрациите, а токму тој закон беше повод за немирите во Украина.
Во пресрет на седницата, претседателот Виктор Јанукович се сретна со тројца опозициски лидери и се согласи да ги повлече контроверзните антипротестни закони, донесени од парламентот на 16 јануари. Но не се знае дали премиерот ќе го поддржи тоа.
Во телевизиско обраќање, министерката за правда Олена Лукаш изјави дека контроверзната легислатива ќе биде разгледувана во парламентот денеска. Таа додаде дека законодавците ќе разговараат и за прашањето на „одговорноста“ на владата.
Се огласи и Јулија Тимошенко, која порача дека демонстрантите не смеат да прифатат ниту еден од условите кои ги поставува претседателот Јануковиќ.
Европската унија ги повика украинските власти да ги зачуваат мирот на протестите и јасно да се дистанцира од оние кои поттикнуваат насилство.
Сите се на готовс посебно се чуваат нуклеарките кои во Укарина ги има 15.