Демонстрантите во Киев се повлекле од улиците кај зградата на парламентот на Плоштадот на независноста, блокирајќи го со своите возила пристапот до плоштадот јавуваат руските агенции.
Според полицијата на плоштадот се наоѓаат околу 10 000 луѓе, додека некои агенции јавуваат дека има околу 25 000, пренесува Itar-Tass. Засега ситуацијата е мирна, нема инциденти.
Учесниците на протестот монтираат шатори, а постојано се носи храна, топла облека и дрва известува RIA.
Противниците на власта бараат премиерот Азаров да си поднесе оставка,како и одговорност од министерот за внатрешни работи Виталиј Захарченко поради употреба на сила против демонстрантите. Полицискиот кордон е повлечен од пред зградата на парламентот, но на пешаците не им е дозволен пристап до таму.
Во парламентот денеска се гласаше за доверба на владата на Николај Азаров, но за тој предлог гласаа само 186 од вкупно 226 пратеници.
Масовните протести во Киев започнаа на 21 ноември кога владата донесе одлука да ги стопира подготовките за потпишување на Спогодба за членство во Европската унија.