Две деца на возраст од 8 и 9 години, загинаа ноќеска по бомбардирањето на Донецк. Проектилот паднал во станбен простор покрај железничката станица во градот, во која децата живееле, соопштиле очевидци за ИТАР-ТАСС.
Како резултат на бомбардирањето делови од градот останале и без струја. Струјата била вратена делумно во 10 часот (по локално време). Во немирите утринава настрадал и центарот на градот.
Според очевидци за два месеца од воените дејствија во Донбас загинале 1129 лица, вклучувајќи 348 жени и 76 деца.