Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека го поддржува мировниот план поднесен од страна на Украина – се додека тоа вклучува “практична акција” за да започнат преговори.
Тој рече дека Киев треба да преговара и да се прават компромиси со про-руските бунтовници за планот да биде “остварлив и реален”.
Путин, исто така, рече еднонеделното примирје – декларирано од претседателот Петро Порошенко – не смее да се користи како “ултиматум”.
Судирите продолжија во источна Украина, со напади на бунтовниците во текот на ноќта, со што беа повредени шест гранични полицајци.
Сепаратистичките борци го отфрлија примирјето, обвинувајќи ја украинската армија за кршење на нивниот сопственипрекин на огнот.
Во меѓувреме, САД воведоа санкции – вклучувајќи замрзнување на средствата – против седум про-руски лидери во Украина.
Западните лидери се заканија со дополнителни санкции против Русија, која ја обвинуваат за растењето на тензиите во Украина. Москва го негира тоа тврдење.