Рускиот претседател Владимир Путин му телефонираше на американскиот претседател Барак Обама за да разговараат за предлогот на САД за дипломатско решение на кризата во Украина, објави Белата куќа.
Обама сугерираше Русија да стави конкретен одговор во писмена форма, изјави неговиот портпарол во соопштението.
Руската анексија на Крим предизвика меѓународна осуда.
Американскиот претседател го повика Путин да се избегне зголемување на силите на руската граница со Украина.
Белата куќа соопшти дека министрите за надворешни работи на двете земји ќе се состанат наскоро да разговараат за следните чекори.
Предлогот на САД доаѓа по консултациите со Украина и со другите европски земји.
Обама го доби повикот од Путин додека се наоѓа во Саудиска Арабија.
Во меѓувреме, во Њујорк, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, изјави дека бил уверен од страна на претседателот Путин дека рускиот лидер “нема намера да се направи каков било воен потег.”
Русија пријави движења на војниците во близина на источната граница на Украина -што е опишано како “огромно воено зајакнување” од страна на НАТО – и предизвика стравувања дека интересот на Путин во Украина не е ограничен на Крим.
Извор: Би-Би-Си