Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинската криза нема да се прелее во Западен Балкан, оценува Ескобар

0
By НОВА ТВ Balaban on April 4, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ескобар истакна дека Србија не е најтешката тема за која разговара со другите соседни земји, бидејќи таа „титула“ ѝ припаѓа на БиХ.

Војната во Украина не може да се прелее во БиХ и соседството, а Хрватска е пример за паметна енергетска политика, изјави денеска американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На американско-хрватскиот форум, Ескобар рече дека „не мисли дека“ украинската криза може да се префрли во хрватското соседство, бидејќи таа доведе до враќање на европскиот фокус на решавање на кризата во своето опкружување, пренесува Хина.

Војната во Украина, исто така, ги наведе земјите-кандидати за членство во Европската унија „проактивно да покажат солидарност“ со западните вредности, рече Ескобар, наведувајќи го фактот дека Србија ја осуди руската инвазија при гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации на почетокот на март.

Ескобар истакна дека Србија не е најтешката тема за која разговара со другите соседни земји, бидејќи таа „титула“ и припаѓа на БиХ.

Денес се поставува прашањето како Србија да се привлече кон западните демократии, меѓу кои „отсекогаш била и каде што припаѓа“, нагласи Ескобар, додавајќи дека процесот на интеграција забави за време на владеењето на Слободан Милошевиќ, кое беше обележано со „лошо владеење“.

Американскиот специјален пратеник смета дека „идната генерација Срби“ ќе биде повеќе наклонета кон Европа.

Ескобар оцени дека БиХ, за која тој во јавните настапи повторува дека не ја мачи етничка криза туку корупција, е најголемиот предизвик на Западен Балкан и земја каде што „западните ветувања најмалку се исполнети“.

Тој не сакаше директно да каже дали е оптимист дека годинава ќе се одржат избори во земјата, каде што доцнат преговорите за изборните реформи, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи.

МИА

Габриел Ескобар Западен Балкан Украинската криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.