Москва: Две лица се полесно повредени во напад на украински беспилотни летала во текот на ноќта во Таганрог во руската област Ростов, а пожар избувнал во една станбена зграда, изјави вршителот на должноста гувернер Јуриј Сљусар.
Претходно беше соопштено дека во нападот биле оштетени две станбени згради, а 85 лица биле евакуирани. Во Таганрог е прогласена вонредна состојба.
Во нападот на украинските дронови на Курск, оштетена е станбена зграда во центарот на градот, а жрти нема, објави на Телеграм в.д. гувернерот Александар Хиштајн.
Тој додаде дека делови од авионот и неговиот мотор паднале на покривот на повеќекатна зграда и дека е донесена одлука да се евакуираат 60-те жители на зградата додека работат службите за итни случаи.