Еден од водачите на движењето „Автомајдан“, Дмитро Булатов, беше пријавен за исчезнат, откако неговите роднини и пријатели изгубиле секаква врска со него на 22 јануари.
Тој е пронајден претепан во селото Вишенка, недалеку од украинскиот главен град, Киев.
Порталот ТСН објави снимка од активист, на која се гледаат модринки по лицето на 35-годишниот маж додека зборува пред новинарите, дека бил грабнат и подложен на физичко насилство – го тепале, се обиделе да му го отсечат увото.
Тој вели, дека не знае кој го грабнал, но според неговите зборови, киднаперите говореле со руски акцент. По долго измачување го изнеле од просторијата каде го држеле, го однеле во Вишенка и го исфрлиле од автомобилот.