НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинскиот амбасадор: Можност за воена интервенција- Русија е непредвидлива

0
By Нова ТВ on August 24, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА интервју со унгарскиот амбасадор во Македонија Јуриј Гончарук

НОВА: 23 години по прогласувањето Денот на незвисноста и Денот на украинското знаме нема да може да се прославува на целата територија на Украина. Која е иднината на територијалниот суверенитет на Вашата земја? Дали сте оптимист дека Крим повторно ќе биде украински?

Гончарук: Територијалниот суверенитет – тоа е прашање на постоењето на Украинската држава.

Ако некој мисли дека рускиот агресор, а баш со него се случува конфликтот во Источна Украина, може да се задоволи со Донбас, тогаш длабоко греши. Со други зборови, ние немаме алтернатива за територијалниот суверенитет, затоа неговата иднина дури не се разгледува, тој се брани сега со оружје.

Ние не го започнувавме тоа, но да изгубиме не можеме. Добро би било, ако тоа поскоро го разбере другата страна.

Добро би било пред се за неа.

По прашањето на Крим, дајте да не оперираме со со категориите «оптимист» и «песимист».
Крим секако одново ќе стане украински тогаш, кога ќе бидат создадени сите соодветни услови за тоа: политички, економски, општествени и т.н. Треба да имаме трпеливост и да работиме.

Ова е и мојот реализам.

НОВА: На Украина и оди тешко да се справи со сепаратистите во источниот дел. Беше побарана и помош од НАТО. Какви се безбедносните капацитети на Украина да се справи со оваа криза?

Гончарук: Безбедносниот потенцијал на Украина е доволен за тоа да самостојно се справи со ситуацијата во Донбас, но не така како што тоа го правеше руската армија во Чеченија.

Фотографиите од таа војна активно се користат од руската пропаганда со цел на илустрирање на «зверства» на украинската армија.

Ние навистина се обративме до НАТО со молба да и даде на Украина соодветна помош, пред се оружје со голема прецизност, бидејќи против нас е сега вклучен современиот воен потенцијал на втората по моќ армија во светот.

НОВА: Дали навистина верувате во тоа дека терористите во текот на последните два месеца од никаде успеаа самостојно да создадат тенковски единици, систем на противвоздушна одбрана, артилериски единици и т.н.?

Гончарук: Значи, некои видови оружје, со кое се опремени нелегалните воени формации, ги надминуваат аналогните украински системи.

Покрај тоа, според некои експерти, на кои може да им се верува, украинската армија заостанува зад милитантите по бројот на средствата за набљудување и разузнавање, за разлика од оклопните возила и артилеријата со приемник кои кај страните се приближно подеднакви.

Јас, веќе не зборувам за тоа дека на територијата на Донбас војуваат регуларни руски единици.

Навистина, нив ги нема толку «многу», за да се промени статусот на антитерористичката операција во поинаков: согласно со изјавата на портпаролот на националната безбедност и одбрана на Украина, која беше дадена на 20 август, засега не се забележува «масовен премин преку границата на Украина на тие илјадни единици на вооружените сили на Руската Федерација».

НОВА: Дали очекувате понатамошна ескалација на тензиите со Русија и можно ли е да дојде до воена интервеција на руската армија во други делови на Украина како што беше случајот во Крим?

Гончарук: Навистина, сега може повеќе, за жал, да се зборува само за понатамошно ескалирање на затегнатоста, отколку за деескалирање на ситуацијата во Донбас, бидејќи нема било какви знаци, што би сведочеле, за добрите намери на руската страна.

Па, нема ние да го сметаме за таков таканаречениот «хуманитарен конвој», којшто сепак се проби на територијата на Украина, и покрај тоа што претходно пограничните и царинските служби на Украина го почнаа средувањето на неговата документација.

Изутрина на 22 август украинските службеници беа блокирани од руските сили и отстранети од реализирањето на проверката на останатите автомобили во колоната, без оглед на претходниот договор и на тоа дека тие беа претходно поканети на територија на РФ од руската страна. Тоа е акт на агресија.

За време на неговиот престој во близина на Украина, на нашата територија успеаја да влезат неколку колони «хуманитарни» тенкови, оклопни возила, друга «хуманитарна» техника и браќа «милосрдни». Единствено што толку брзаа, што немаше време да префарбаат се во бела боја.

И оваа запаленост е разбирлива, колку се поблиску сепаратистите до поразот, толку повеќе напори се трошат од страна на Русија за да се одолговлече донецката трагедија: се зголемува протокот на оружје, се зголемува присуството на руската војска и платениците.

Според нашите податоци тие веќе го сочинуваат поголемиот дел на нелегалните воени формации и нивниот број се зголемува.

Дали ќе биде отворена воена интервенција на Русија? Ќе речам така – Русија е непредвидлива.

За да биде појасно, ќе си дозволам следна мала нијанса. На 21 август, во 11.30 и 12.10 од страна на руската граница со тешка артилерија беше гранатиран пунктот на МВР на Украина, кок е сместен во близина на градот Телманово, Донецка област, 5 км од границата со Русија и е 100 км од активната зона на борбите.

Секој час овој пункт го преминуваат автомобили и автобуси со жени и деца.

Ние – сакаме мир.

Тоа го кажа Претседателот на Украина П. Порошенко, коментирајќи го своето идно учество во трилатералната средба во Минск, која ќе се одржи на 26 август во формат Украина-ЕУ-Евроазиска Унија.

Но, тој мир треба да биде постигнат не по цена на нашата независност, територијалниот интегритет и суверенитет.

Според тоа, го чекаме 26 август.

НОВА: На 17 август украинската Рада донесе одлука со која се овозможува продажба на гасоводот преку кој Газпром врши испорака на гас во Европа? Каква е целта на оваа одлука?

Навистина, на 14 август 2014 година Врховната Рада на Украина го усвои Законот «За внесување на измени во некои закони на Украина за реформирање на системот на управување со Единствениот гасоводен систем на Украина». Законот треба да се разгледува како елемент на адаптацијата на украинскиот пазар на гас кон барањата и регулативите на ЕУ.

Според неговите одредби, за управување со гасоводниот систем на Украина и подземните складишта за гас ќе бидат создадени државни акционерски компании, 51% корпоративни под кои обавезно треба да и припаѓаат на украинската држава, а 49% можат да бидат пренесени на правни лица кои припаѓаат или се контролираат од резиденти на држави-членки на ЕУ и САД.

При тоа правото на сопственост на гасоводниот систем и подземните складишта на гас останува исклучиво на Украина, а соодветните компании-оператори ќе ги користат на заем. Таквата шема е со цел да се зголеми инвестициската атрактивност на украинскиот гасоводен сектор и да привлече додатни ресурси за негова модернизација.

Владата на Украина веќе отпочна да ги реализира практичните чекори за реализирање на новиот Закон.

Меѓу другото, се разработува одлуката на Кабинетот на министрите на Украина за создавање на неопходни државни акционерски компании, оди процесот на проценка на имотот и реструктуирање на НАК “Нафтогас на Украина”, се бараат потенцијалните инвеститори коишто ќе станат идни ко-сопственици на компаниите-оператори на украинскиот гасоводен систем.

НОВА: Украина е зависна од руските енгергетски ресурси. Како ќе се справите со овој проблем доколку не дојде до нормализација на односите? И должите на Русија околу 5 милијарди долари за испорачан гас. Може ли Украина да го отплати овој долг?

Не е само Украина зависна, но «поради нешто» цената на гасот за Украина не е економски оправдана, а се определува со политичка целисходност во зависност од «однесувањето» на украинската страна.

Оттука е и долгот. Ние сме подготвени да го платиме по фер цена.

Тоа е проблем во украинско-руските односи. Но, бидејќи, како што е познато, проблемот не е само локален, за неговото решавање се приклучи Европската Унија.

Во септември се планира уште една трилатерална средба по ова прашање, кое исто така ќе се разгледува во Минск.

Во меѓувреме, Украина се подготвува за зимската сезона. Се разработуваат реверсните маршрути на испораките на гас од Полска, Унгарија, Словачка и Романија. Меѓу другото, од 16 август почна пробното испумпување на гасот од Словачка.

Комерцијалното користење на овој гасовод ќе почне од 2 септември. Излегување на проект со капацитет од 10 милијарди кубици се планира во 2015 год.

Искористувањето на споменатите маршрути може да обезбеди повеќе од 50% на увоз на гас.
Се полнат складиштата за гас, но сепак за да се преживее зимата потребни се уште 5-7 милијарди кубици.

НОВА: Како го оценувате проектот Јужен поток?

Не мислам дека мојата лична оценка на «Јужниот тек» може да биде интересна, бидејќи Украина е против неговата изградба. И со тоа се е кажано. Тоа е уште еден политички трик на Русија за да се стави Украина на колена.

Не би бил овој тек, ако Русија имаше воспоставено контрола над украинскиот гасоводен систем. Се друго – е од злото, меѓу другото и обвинувањето на Украина како несигурен транзитер.

Тоа е користење на европските стравови поради корисна цел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.