Украинскиот парламент изгласа пред малку резолуција за итно ослободување на Јулија Тимошенко од затвор. Денес исто така на чело на парламентот и во министерството за внатрешни работи беа именувани двајца луѓе блиски до Тимошенко.
Александар Турчинов, десната рака на Јулија Тимошенко, беше избран денес за нов претседател на украинскиот парламент.
Арсен Аваковест е назначен за министер за внатрешни работи.
Украинската полиција денес околу пладне најави дека “стои зад народот” и ги дели барањата за брзи промени во земјата.
Агенциите исто така јавуваат дека Јанукович е на истокот на земјата и дека не ја напуштил Украина како што се шпекулираше во текот на денот.

