Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека Киев е подготвен за отворени разговори со Русија, јави руската новинска агенција ИТАР ТАСС.
– Подготвени сме за отворени преговори и подготвени сме да ги одржиме економските односи меѓу нашите земји на рамноправна основа, изјави Јацењук.
Тој посочи дека Киев е против воведување на визен режим во односите со Русија.
– Не прекинавме ниту еден билатерален договор со Русија. Нашите луѓе имаат многу добри односи со луѓето од Русија, истакна Јацењук.