Про-руските активисти ги повикуваат жителите во источна Украина на гласање во недела за предвремениот референдум кој се однесува на прогласување независност од Киев.
Гласачите во градот Донецк ќе одговараат на прашањето: “Дали го поддржувате Законот за независност на Народна Република Донецк” Опциите се “да” или “не”. Слично прашање ќе биде поставено на гласачите во Луханск.
Гласањето за независност е гласање за самоуништување на исток, рече украинскиот вршител на должноста претседател Олександар Турчунов.
Тоа ќе ги отсече жителите надвор од националната економија и социјалните програми, рече тој. “Тоа е чекор кој не води никаде за овие региони. Тоа е еуфорија која може да доведе до многу сложени последици и многу луѓе сега веќе тоа го чувствуваат.”
Тие чувствуваат болка во крвопролевањето, во гробовите и во изгорените урнатините кои се уште тлеат во источниот дел, каде што етничката руска милиција се бори со украинските безбедносни сили.
Најмалку седум лица загинаа, а 39 други беа повредени во петокот во југоисточниот град Мариупол, рекоа регионални извори.
И покрај наглиот референдум, народот на самопрогласената “Народна Република Донецк” сака да гласа, рече нејзиниот лидер Борис Литвинов. Тие се “90% подготвени”, рече тој и се очекува одзив на 70%.
Канцеларијата на изборната комисија во Донецк беше опколена со вреќи со песок и бодликава жица во саботата.