Дел од припадниците на украинските вооружени сили го напуштија денеска Крим откако руските сили зазедоа неколку воени бази на полуостровот.
Министерот за одбрана Игор Тењух понуди поради развојот на настаните да си поднесе оставка, но парламентот во Киев ја одби оставката за потоа сепак да ја прифати.
На негово место е поставен Михајло Ковал.
„Бидејќи на многумина не им се допаѓа како работам јас, не сакам да се врзувам за оваа функција и можам да си одам“, рече Тeњух пред пратениците на Врховната рада.
Заминувањето на украинските војни од Крим следува еден ден откако вршителот на должноста претседател Олександар Турчинов изјави дека е донесена одлука за повлекување на украинските сили од полуостровот.
Тењух предходно изјави дека го примил барањето на 6.500 од вкупно 18.000 украински војници и нивните членови на семејствата во кое тие бараат дозвола да го напуштат Крим, бидејќи е присоединет кон Русија.
Тењух беше критикуван дека не им давал доволно јасни инструкции на војниците на Крим.
Во текот на преземењето на воените бази од страна на руските сили и проруските трупи беа повредени неколку луѓе.