Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинско МНР: Освен поединци, за соборувањето на Боингот ќе одговара и Русија како држава

0
By Ана Василевска on November 17, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Денес, Окружниот суд во Хаг ги прогласи за виновни и ги осуди на доживотен затвор трите лица одговорни за соборувањето на Боинг 777 на летот MH17 на Malaysia Airlines од Амстердам за Куала Лумпур на 17 јули 2014 година. Како последица на ова ужасно злосторство ги загубија животите сите 298 невини луѓе, вклучително и 80 деца. Пресудите на Судот се забележителен настан во контекст на воспоставувањето на правдата и неизбежноста на казнување за извршување на кривични дела. Тоа стана можно поради постојаната и методолошка работа на десетици истражители и обвинители на Заедничкиот истражен тим, вклучително и украински“, соопштуваат од украинското Министерство за надворешни работи.

Оттаму велат дека пресудите се и знак дека оние кои донеле одлука и наредиле соборување на цивилен авион на крајот ќе завршат во судницата. Казната на тие сторители е неизбежна.

„Освен поединци, ќе одговара и Руската Федерација како држава. Пренесувањето на Бук-ТЕЛАР на терористи е очигледно кршење на меѓународното право, конкретно, на Меѓународната конвенција за сузбивање на финансирањето на тероризмот. Таквото пренесување на ова смртоносно оружје во Украина е клучен елемент во случајот на Украина против Русија во Меѓународниот суд на правдата“, истакнуваат од Министерството.

Украина ќе продолжи да ги координира напорите со своите партнери за утврдување на вистината и правдата за жртвите од трагедијата MH17, како и за нивните семејства, кои продолжуваат да жалат за загубата на своите најблиски, се наведува во соопштението од укјраинското МНР.

И украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави пресудата на холандскиот суд за соборениот малезиски авион

Зеленски на Твитер одлуката на судот ја нарече  „важна“, но нагласи дека на оние кои го наредиле нападот сега мора да им се суди.

„Затоа што чувството на неказнивост води до нови злосторства“, напиша тој на социјалната мрежа.

Украинскиот претседател увери дека „казната за сите руски злосторства, и сегашни и минати, ќе биде неизбежна“.

„Мора да има крај на оваа илузија дека меѓународната правда нема да ги пронајде и осуди одговорните за злосторствата во сегашната војна со Русија“, повика украинскиот претседател на Твитер.

Подготви: Ј. Ѓ.

Извор: Цивил медиа

Војна во Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.