Вооружени лица отвориле оган врз украинска воена единица во текот на вечерта околу регионот на Доњецк, соопшти украинското министерство за одбрана.
Повреден е еден украински војник во нападите во градот Артемивск, стои во соопштението на министерството.
Безбедносните сили возвратиле со пукање, а воените објекти се под контрола на украинската војска, тврди украинското министерство.
Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков преку Фејсбук соопшти дека групата од околу 70 напаѓачи биле про-руски поддржувачи. Тој ги обвинува дека се обиделе да им го земат оружјето на украинските воедни единици.
Во градот Марипол пак, според Аваков, војската повторно ја држи контролата. Тој посочува дека немало жртви, а очекува наскоро луѓето да продолжат со работа во градот.
Но, еден од про-руските поддржувачи го негира тоа.
Според демонстрантот, нападот во центарот на градот не успеач да ги дислоцира демонстрантите, и тие суеште го држат под контрола.

