Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уметникот Јовановски со свое дело на групна изложба во Белград

0
By Нова ТВ on December 14, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Визуелниот уметник Филип Јовановски во Белград денеска учествува во групната изложба „СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни”, која ќе биде отворена во Музејот на современа уметност Галерија –легат Милица Зориќ и Родољуб Чолаковиќ.

Изложбата е курирана од уметницата и активистка Ноа Трајстер (Центар за културна деконтаминација од Белград) и кустотосот од Музејот на современа уметност од Белград, Зоран Ериќ.

Јовановски ќе се претстави со делото „Предлог за споменик на комунистичката курва”, аудио опера во пет делови кој како истражувачки процес го работеше во соработка со кураторката Ивана Васева и дизајнерот на звук Сашко Потер Мицевски.

Ова е најново дело на Јовановски во кое продолжува да го истражува неговиот долгогодишен интерес кој е фокусиран на конфликтот помеѓу доминантниот дискурс – националистичкиот и конзервативен кој го потиснуваше јавното мислење во изминатите 11 години во македонскиот културен и политички живот, и другиот, потиснатиот – модернистичкиот и прогресивен.

Филип Јовановски
Филип Јовановски

„Насилството беше доминантен параметар кој во изминативе 11 години беше искористено во разни манифестации и ситуации од претходната влада и беше визуелно материјализиран преку различни проекти, меѓу другото, највидливиот – проектот Скопје 2014. Друго нешто што преовладуваше во јавниот дискурс е етикетирањето и стигматизацијата на прогресивните гласови, можеби најконтроверзната од сите нив е фразата КОМУЊАРИ, КОМУЊАРСКИ КУРВИ“, вели Јовановски.

Тој дополнува дека во ова дело ги судира доминантните позиции на дискурсите во една уметничка форма на звучна опера, со цел повторно да ги преиспита.

„Во проектот Скопје 2014 недостига уште споменикот на комунистичката курва за да насилството биде комплетно, па ајде да го изградиме!”, вели тој.

Основата на проектот СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни вклучува аудио архива на повеќе од 200 интервјуа со учесници во војната на Југославија или пак со анти-воени активисти.

Проектот се одвива во две испреплетени линии на истражувања кои се занимаваат со концептот на сведоштва  во контекст на комеморативни практики и војните во Југославија во деведесеттите години, и се базира на интервјуа и уметнички дела кои ги сметаат овие интервјуа како сведоштва.

Уметници се поканети да се бават со испитување на од една страна на материјалниот аспект на сведоштвата (звук и глас),  а од друга страна со самата содржина – политички, економски, општествен и културен контекст во различни клучни моменти од сведоштвата.

Изложбата има за цел да отвори канал кој ќе овозможи на сведоштвата да се слушнат и да се контекстуализираат.

Во Легатот Чолаковиќ ќе бидат претставени уметнички дела на 15 меѓунардони автори кои во изминатите години учествувале во ова истражување.

Филип Јовановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.