Умирам-ова се последните зборови кои 21-годишната Олесја Жуковскаја ги напишала на Твитер, откако била застрелана од снајперист во вратот додека се грижела за ранетите демонстранти во Киев.
На нејзината последна фотографија, која ја објавија речиси сите светски медиуми, се гледа како се држи за раната на вратот, од која тече крв врз белата униформа со црвен крст.
Жуковскаја стана симбол на насилното задушување на демонстрациите откако нејзината фотографија го обиколи светот.