Од денес, УНЕТ станува една од компаниите кои вршат регистрација на националните МК домени. Во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и МАРнет, Унет доби лиценца за работа како официјален регистар за регистрација на националните МК домени.
UnetRegisrtar е новиот сервис, односно новиот бренд на Унет, кој планираме успешно да се гради во иднина.
Официјaлниот старт на новата услуга на Унет за регистрација на националниот МК домен, се очекува наскоро да биде означен од страна на МАРНЕТ.
Унет како компанија има со долга традиција на пазарот на IT услуги во Република Македонија и е препознатлива како првиот интернет провајдер, кој уште во 1995 година за прв пат го донесе, воспостави и почна комерцијално да го нуди интернет пристапот на територијата на Р.Македонија.
Унет, денес примарно е фокусирана на хостинг услугите пред се на Cloud Hosting услугите. Покрај Cloud Hosting услугите, Унет ги нуди и сите останати типови на хостинг услуги ( заеднички хостинг, дедициран хостинг итн. ) а со успешна приказна и многу богато портфолио може да се пофали и нашиот оддел за web дизајн и изработка на web апликативни решенија.
UnetCloud ( http://www.unetcloud.mk)
e сервисот под чиј што облак ги нудими сите видови на веб хостирања и оддржување на веб страници, обезбедување на интернет пристап за бизнис корисници, градење и развој на веб страници и слично.
Унет е компанија која е кориснички ориентирана, која има јасно зацртани цели и политика за грижа на корисниците. Воспоставувајќи постојана интеракција со своите корисници, следејќи ги нивните желби, потреби, сугестии и идеи, со најновите трендови во информатичката технологија и искористувајќи ги новите можности кои се отвараат на нашиот IT пазар, Унет се труди постојано да го подобрува квалитетот на сите свои сервиси, а секако и да ја збогатува палетата на своите услуги.