Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарците и Чесите протестираат против своите влади

0
By Нова ТВ on November 18, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ден наречен “ден на јавно незадоволство” се одржа вчера во Будимпешта. Околу 10.000 луѓе излегоа на улиците на главниот град на Унгарија за да го покажат своето незадоволство од владата на премиерот Виктор Орбан, корупцијата, обидите да се воведе данок на користењето интернет и обидите на унгарската влада да се доближи до Русија.

Загриженост околу обидите за доближување до Русија вчера покажаа и жителите на Прага преку протест кој се совпадна со 25 годишнината од Кадифената револуција на Чехословачка која на оваа земја и донесе демократија ослободувајќи ја од советскиот јарем.

Според сајтот ЕУОбзервер, во Будимпешта манифестантите бараа оставка на Орбан обвинувајќи го дека е се повеќе авторитарен и одбивајќи да платат данок за интернет со слоганот – “не сакаме да плаќаме данок за криминалци”.

Овој данок беше најавен минатиот месец и веќе предизвика протест на 100.000 луѓе во Унгарија. Истовремено американската администрација најави дека им забранува влез во САД да шестмина високи функционери на Унгарија помеѓу кои луѓе задолжени за даночната политика.

Вчера манифестантите извикуваа и слогани против унгарското доближување до Русија преку плановите да се почне изградба на гасоводот Јужен тек кој е против европските правила на внатрешниот пазар на ЕУ и нејзините закони за компетитивност.

Истовремено дојде и изјава на новиот романски претседател Клаус Јоханис кој во неделата победи на изборите. Тој изјави дека унгарското свртување кон Русија не е насоката кон која тој сака да ја води Романија. “Мојата насока е Западот. Она што се сега се случува во Романија не е демократија која оди во вистинската насока”, рече тој.

Протестот во Прага избувна при прославата на Кадифената револуција со присуство на претседателот Милош Земан. Конфликтот во Украина тој го опиша како «граѓанска војна помеѓу две групи граѓани на Украина» што е позиција која ја дели Русија. Земан исто така повика на повлекување на санкциите на ЕУ против Русија во контекст на украинскиот конфликт.

На протестот во Прага се извикуваше «долу Земан» и «не сакаме да бидеме руска колонија».

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.