Унгарија ќе ги прекршпи санкциите на Европската Унија (ЕУ) ако се сотварат најавите дека на Москва ќе ѝ плаќа во рубљи за енергенси, изјави денеска претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен, во придружба на еврокомесарот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел е во посета на Украина. Во текот на денешниот ден ја посети и Буча, предградие на Киев кое се најде во центарот на случувањата во земјата во последните денови поради веста за убиства на цивили за кои украинската и руската страна меѓусебно се обвинуваат.