На улиците во Будимпешта се очекуваат нови демонстрации против намерата на властите со закон да воведат оданочување на употребата на интернет.
Премиерот Виктор Орбан по протестите во неделата на кои демонстрираа над 10.000 луѓе, најави дека ќе поднесе амандман на Предлог- законот со кој се предвидува воведување данок на количината податоци преземени од интернет.
Орбан рече дека вкупниот месечен износ на данок за физички лица нема да надминува 700 форинти (2,27 евра) а демонстрантите засега не се изјаснија по повод неговиот предлог.
Тие во неделата на партијата Фидес и дадоа рок од 48 часа да го повлече спорниот предлог закон, но од владејачката партија одбија тоа да го сторат во парламентот, потег што го поттикна и најавениот денешен протест.
Шест луѓе беа приведени поради вандализам откако маскирани демонстранти фрлаа врз седиштето на партијата со тастаури и други делови од стари компјутери со повици – Слободна Унгарија, слободен интернет.