Унгарскиот Парламент денеска го реизбра Виктор Орбан за премиер на Унгарија, откако неговата партија Фидес извојува убедлива победа на парламентарните избори минатиот месец, освојувајќи две третини од пратеничките мандати.
За изборот на Орбан гласаа 130 пратеници од Фидес и нејзиниот коалициски партнер Христијанско- демократската народна партија, а против се изјаснија 57 претставници на опозицијата.
По изборот, Орбан положи заклетва и најави дека ќе продолжи со политиката што ја спроведуваше и во претходните четири години.
За време на владеењето на Орбан, Унгарија се соочува со постојани критики за непочитување на демократските стандарди, пад на слобода на медиумите, партизираност на судството и силно влијание на партијата врз државата.