Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНХЦР:Селекцијата по националност не е добра за статусот на бегалците

0
By Менче Атанасова Точи on November 24, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Голем број бегалци ноќта ја поминаа на отворено, а на ризичните категории, децата и старците им се препорачува да се засолнат во кампот во Идомени, бидејќи ноќите се студени и врнежливи.

Од УНХЦР велат дека бројот на бегалци кои не се пропуштаат да влезат во Македонија постојано варира, бидејќи многу од нив, особено жени и деца поради лошите временски услови, со автобуси се враќаат назад во Атина.

Селекцијата по националност не е добар механизам одредување на статусот на бегалците, затоа УНХЦР апелира протокот на бегалци да не се сведува на ваквиот начин на пропуштање или задржување на граница. Сепак, ова е одлука на државните власти и тоа не само на Македонија, туку и на Србија, Хрватска и Словенија, велат за НОВА во претставништвото на УНХЦР во Македонија. Ова создава домино ефект и ситуацијата е статус кво, без најава дека наскоро ќе има некаква промена.

На Табановце во моментот се поставуваат две гумени хали, со капацитет од околу 200 луѓе, за оние бегалци кои веќе влегле во државата. Тие поминуваат низ три филтри за идентификација, на македонско –грчката граница, во прифатниот центар во Гевгелија и на Табановце. За нив има обезбедено ќебиња, храна и хигиенски пакети. Бегалците на границата со Грција кои не се пропуштаат и понатаму одбиваат било каква хуманитарна помош, освен медицинска помош која од утринава им ја пружат екипи на Црвениот крст.

Од УНХЦР велат дека приливот со бегалци е намален, на што влијаат повеќе фактори, а еден од нив е пристигнувањето на помалку чамци на островите во Грција поради лошите временски услови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.