Секое трето дете во светот нема извод од книга на родени и соодветно не постои во правна смисла на зборот, се вели во истражувањето спроведено од УНИЦЕФ.
Според извештајот на УНИЦЕФ само околу 60 отсто од новороденчињата биле запишани во 2012 година при раѓањето. Најнизок е степенот за регистрирани новороденчиња во Сомалија и Либерија.
Околу 230 милиони деца на возраст под пет години немаат извод од книга на родени, што ги става во неповолна состојба и ги прави ранливи на злоупотреби.