Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ ги критикуваше плановите за преземање на дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа

0
By Marija Todorovska on May 9, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска ги критикуваше плановите за преземање на дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа, кои беа презентирани во четвртокот од Израел и САД, и предупреди дека тие ќе го влошат страдањето на децата и семејствата.

Меѓу хуманитарната заедница циркулира предлог за основање Хуманитарна фондација за Газа, која би дистрибуирала храна од четири „безбедни места за дистрибуција“, што потсетува на плановите што ги објави Израел претходно оваа недела, а кои предизвикаа критики дека наскоро ќе го влошат раселувањето на населението во Газа.

Американскиот Стејт департмент претходно изрази мислење дека решението што би овозможило испорака на помош во храна во Газа е „на хоризонтот“ и дека наскоро ќе биде објавено, пренесуваат британските медиуми.

Се чини дека изгледот на планот што Израел и го презентираше на хуманитарната заедница веројатно ќе ги зголеми страдањата на децата и семејствата во Појасот Газа, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер.

Тој додаде дека неговите забелешки се однесуваат и на новата фондација, која ја разбира како дел од истиот широк план.

Хуманитарната заедница веќе ги отфрли сите планови што би ѝ дале на Израел улога во дистрибуцијата на помошта во Газа, наведуваат британските медиуми.

Меѓутоа, во документот на Фондацијата се наведува дека локациите ќе бидат „неутрални“, а американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, денес изјави дека Израел нема да биде вклучен во дистрибуцијата на помошта.

Сепак, Елдер рече дека користењето на вакви центри, за кои фондацијата вели дека првично ќе им служат на 300.000 луѓе секој ден, би создало ризици за децата и семејствата додека бараат помош и би довело до понатамошно раселување.

Користењето на хуманитарната помош како мамка за принудно раселување, особено од север кон југ, ќе создаде овој невозможен избор – избор помеѓу раселување и смрт, рече Елдер, кој бил на неколку мисии во Газа откако започна војната меѓу Израел и Хамас пред 19 месеци.

Според него, се чини дека таков план е смислен со цел да се зајакне контролата врз областите што се клучни за опстанок, со цел да се изврши притисок.

Наместо тоа, тој го повика Израел да ја укине блокадата за влегување на помош во енклавата, која трае повеќе од два месеци и поттикнува широко распространет глад и предизвикува загриженост за зголемување на смртните случаи поврзани со неухранетост.

Постои едноставна алтернатива – укинување на блокадата и дозволување на хуманитарната помош да спаси животи, рече Елдер.

Израел од 2 март го забрани влезот на хуманитарна помош на палестинската територија, каде што води војна против милитантното палестинско движење Хамас.

газа УНИЦЕФ Хуманитарна помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.