Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ: Институционалното згрижување не може да ги заштити децата од повреда

0
By Нова ТВ on February 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Случајот со злоупотребата на малолетното девојче од јавната установа за деца со воспитни и социјални проблеми „25 Мај“ е показател дека институционалната грижа не може да обезбеди соодветна заштита на децата од повреда. Решение треба да се бара во трансформирање на овие институции и згрижување на децата во семејна средина како мали групни домови, но и во зајакнување на капацитетите на социјалните служби, полицијата и вработените во образованието и здравството, смета Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Тој посочува дека лицата виновни за злоупотреба или небрежност мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Иако злоупотребата се случила надвор од државна институција, додава Перкс, случајот покренува сериозни прашања за тоа како општеството ги штити најранливите деца.

– Мора да признаеме дека институционалната грижа не може да обезбеди соодветна заштита на децата од повреда. Ниту пак можат да обезбедат здрав развој на децата и нивно закрепнување од траума, злоупотреба или занемарување кои можеби ги доживеале во семејството. Токму затоа Владата, ЕУ, УНИЦЕФ и другите партнери работат заедно на трансформирање на овие институции и згрижување на децата во семејна средина, каде секое дете ќе добие соодветна грижа, љубов и посветеност – нешта што сите ги очекуваме за нашите деца, вели Перкс во писмента изјава.

Тоа, смета претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, значи повеќе згрижувачки семејства, подобри процедури за посвојување, мали групни домови со многу подобар сооднос меѓу бројот на деца и персонал, и што е најважно, работа со родителите за најпрво да се спречи насилство, запоставување и напуштање.

Злоупотребата на децата, потенцира, е глобален проблем, а сторителите на дела поврзани со сексуална злоупотреба на деца се најопасни кога ќе влезат во мрежите на трговија со луѓе. Тие, вели Перкс, ги демнат децата под заштита на државата и оние од дисфункционални семејства, честопати и децата со ниска самодоверба, слаба приврзаност и ментални здравствени проблеми.

Затоа, според него, треба многу да се вложува во полициска работа водена од разузнавачки и форензички докази за да се разоткријат таквите мрежи и најцелосно да се примени законот за сите кои би ги повредиле децата.

Ефикасноста на јавниот сектор, потенцира тој во изјавата, исто така е е важна за справување со овој проблем.

– Луѓето кои работат во социјална заштита, образование, здравство и полицијата треба да се поттикнати и мотивирани да дадат сè од себе за децата. Социјалните работници мора да бидат оснажени да постапуваат како водители на предмети и да посочуваат соодветни даватели на услуги и интервенции во низа социјални, психолошки, здравствени и други домени, а кои ќе бидат насочени кон постигнување позитивни резултати за ранливите деца, вели Перкс и додава дека доколку се сруши табуто во јавноста, може да се отвориме искрена дискусија за проблемите со насилството врз децата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.