Управителот на ЕВН, Игор Гиевски е главниот осомничен во истрагата на Управата за финансиска управа, пренесе „А1он“. Предистражната постапка финaнсиската полиција ја води за продажба на парцели во Делчево и во Скопје. „А1он“ пренесува дека Гиевски е главен осомничен во истрагата за овој случај. Гиевски не ја коментирал истрагата.
Предистражната постапка што ја води Управата за финансиска полиција во координација со скопското обвинителство открива дека вработените дале пас за купување на парцели за сума која надминува 1,5 милион евра, претходно пренесе Алсат. Овој медиум објави дека неколку делчевчани за само десет дена успеале да добијат земјиште од жителите на околните села наводно на подарок, кои врбувале околу 30 селани, за од сите нив, вкупно да земат околу 150.000 метри квадрати земјиште. Лицата од Делчево на селаните им платиле во кеш околу 20.000 евра.
Вработените во ЕВН, биле координирани со лицата од Делчево кои ги добиле земјиштата, па потоа ЕВН Електрани ги купува парцелите.
Предистражната постапка на Управата за финансиска полиција се поврзува со политички активности во изборната кампања за локалните избори.