Ураганот Ирма сега е категоризиран во категоријата пет која е највисоката категорија, што го прави овој ураган екстремно опасен како што преминува на Карибите – пренесува „BBC“.
Ирма има ветар со брзина од 290 километри на час, што е најмоќен на Атлантикот во последната деценија.
Се проценува дека ќе донесе невреме кое ќе има ветришта кои ќе бидат смртоносни и поројни дождови на Островите Ливард.
Флорида, каде што се очекува ураганот да пристигне в недела, веќе прогласи вонредна состојба.
Од Националнио урагански центар велат дека се уште е рано да се предвидат ефектите од Ирма.