Ураганот Свети Јуда ја зафати западна Европа, а до сега во Велика Британија и Холандија настрадале пет лица. Невремето стигна и до Франција каде ветровите дуваат со брзина од 100 километри на час, во Шведска без електрична енергија останаа 90 илјади домови.
Поморските врски со Полска и Германија се прекинати. Откажано е и железничкиот сообраќај во јужниот дел на земјата. Затворени се и аеродромите во Малме и Гетеборг.