Пилотите на јужнокорејскиот авион Боинг 777, кој во саботата се урна на аеродромот во Сан Франциско, во последен момент се обиделе да го дигнат авионот и да се откажат од слетувањето.
Како што пренесуваат американските медиуми, пилотите неколку минути пред несреќата јавиле до контролата дека се откажуваат од планираното слетување, дека ќе направат полукружна маневра, по што повторно би се обиделе да се спуштат.
Според наводите на „Ројтерс“ пилотот кој што управувал со авионот, ова му било прв лет во „Боинг 777“, иако имал искуство со други авиони.
Генералниот директор на „Ејжен Ерлајнс“ Јун Јунг До нагласи дека според негови информации дефектот на моторот не е причина за падот.
Британската агенција исто така наведе дека една од двете кинески државјанки кои загинаа, најверојатно е прегазена од противпожарните возила, или од автомобил на Брзата помош.