Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга, првото повлекување на средства планирано за 2027 година

0
By Marija Todorovska on June 26, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Скриншот Pari
Фото: Скриншот Pari
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 24 банки се дел од процесот на разгледување на проектната документација, за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10, од кои 22 банки веќе добија официјално барање за доставување понуда. Дополнително, уште две банки – НЛБ Словенија и една банка од Дубаи – покажаа интерес, и во моментов се во фаза на анализа на доставените материјали, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.  Димитриеска-Кочоска во подкастот „Каде се парите“ појасни дека НЛБ Словенија сака да настапи во форма на конзорциум и веќе е доставено барање и до нив. Истото важи и за банката од Дубаи. Сите овие банки се активно вклучени во процесот, особено по завршувањето на првичната фаза. Можам да кажам дека има солиден интерес и подготвеност за понатамошна соработка, рече министерката.

Целокупната документација добиена од „Железници“, преку Министерството за транспорт и Владата, е доставена до заинтересираните банки со цел запознавање со проектот, прибирање на информации и изработка на понуди. Министерството за финансии останува отворено за дополнителни појаснувања и комуникација со сите заинтересирани страни.

Сè што е на располагање ќе го споделиме со цел процесот да биде транспарентен, да добиеме поконкретни понуди и – секако – најповолна каматна стапка за државата, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во врска со буџетската динамика, министерката појасни дека не се предвидени средства за овој проект ниту во ребалансот за 2025, ниту во буџетот за 2026 година.

Првите исплати се планирани за 2027 година, што е координирано и потврдено од Министерството за транспорт и од премиерот, нагласи министерката.

Во однос на понатамошната динамика, таа појасни дека како Министерство за финансии, по добиените понуди ќе се направи анализа и ќе се достави предлог до Владата, која ќе донесе конечна одлука за избор на најповолна понуда. Потоа ќе следува подготовка на Закон за задолжување, негово усвојување, а понатаму и постапки за јавни набавки од страна на надлежното ресорно министерство.

Треба да се земе предвид и изборниот период, кој влијае на временската рамка. Затоа, не можам точно да предвидам колку време ќе биде потребно за сите следни чекори. Но, она што е важно е дека 2027 година е годината кога се планира првото повлекување на средства, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

димитриеска кочоска Коридор 10 Министерство за финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.