Јулијана Маринковиќ е современа македонска поетеса, родена е и живее во Ресен. По професија е дипломиран педагог.
Соработува во поголем број книжевни списанија и антологии. Преведена е на повеќе странски јазици.
Маринковиќ е добитник е на значајни награди во Македонија и надвор од земјата меѓу кои во Србија наградата ,,Живко Стојановски ” за најдобра поетска книга, потоа наградата во Македонија, ,,Орфеј”, па во Црна Гора наградата „Мојковачки поетски златник”, наградата ,,Печат кнеза лазара” во Србија, прва награда на емисијата ,,Семејна палета” на МРТ и на повеќе други.
Почесен член е на „Град Сирмиум“- Сремска Митровица.
Автор е на книгите: „Пепелни сништа“, „Прегратката на ветрот“, „На небо копно“, „Нешто над зборовите“, „Бесконечно чекори“, „Јас, Јулијана М“, „Апологија на љубовта“, и на други.
Македонската поетеса Јулијана Маринковиќ неодамна е примена за член и на Здружението на писатели на Република Србија.

