Ерол Ризаов: Во Македонија нема повеќе северџани. Јавните личности, медиуми и новинари кои беа прогласени за странски платеници и поддржувачи на компромисите во преговорите со проблематичните соседи, сега ги отстапија местата на храбрите поддржувачи на власта и провладините жестоки критичари на опозицијата која не може ништо да блокира и не попречува да се донесат сите стратегиски одлуки во Собранието. Напротив, ги поддржува .Мицкоски и неговите дипломатски и економски успеси со стотиците милиони евра заем од Унгарија како подготовка за локални избори, не се симнуваат од ТВ екраните и од социјалните мрежи. Америка и Франција кои до вчера беа најголемите „виновници“, заедно со домашните непријатели станаа нашите најголеми пријатели и најсилни сојузници. Домашните непријатели си останаа непријатели како неконструктивна опозиција. Тоа се клучните придобивки од успесите на премиерот Христијан Мицкоски со коалиционите партнери. Ослепени од блесокот на лажните достигнувања, мнозинството граѓани и натаму веруваат на пропагандите дека „ќе не биде“ бидејќи Трамп стана претседател на Америка, а Макрон ни дава решителна поддршка, се разбира, само под услов договорите со соседите да ги спроведеме. Линк