Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште траат вештачењата за смртта на Младенов

0
By Сашка Цветковска on March 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР го знае времето и брзината со која загинал Никола Младенов, но информациите нема да ги сподели се додека вештањето не биде комплетно завршено.

-Утврдена е брзината со која возел, времето на ударот, вртежите на колата пред да излета. Удрил во левата страна на банкината, па потоа во десната страна каде ја пробил и излетал. Ние сето она што го имаме ќе го доставиме до истражниот судија откако ќе заврши целосно вештачењето. Се вештачи автомобилот, имаме примероци од крвта , облеката на Младенов, вели Иво Котевски, портпарол на МВР.

“Фокус”: Младенов се враќал од Велес

Неделникот “Фокус” чие прво издание без Никола Младенов треба да излезе вечерва, во истражувањето за околностите под кои загина нивниот колега, откриваат дека покрај телото на Младенов бил најден и билет за платена патарина во правецот на Велес во 20 часот. Претпоставката е дека новинарот веројатно бил во околината на Велес бидејќи не биле пронајдени други билети од патарини.

Според пишувањата на “Фокус”, телото на Младенов било пронајдено 20 метри подалеку од автомобилот. Покрај вештакот на МВР, истражниот судија повикал и независен вештак да се вклучи во истрагата.

Остануваат многу отворени прашања во врска со несреќата

Изминува трет ден откако се случи несреќата во која загина новинарот и основач на весниците “Фокус”, но институциите не одговорија со подробности и детали во врска со неговата смрт.

-Работа на полицијата е да изврши вештачење, да утврди дали имало други автомобили во времето на несреќата и слично. Не би сакале ништо да споделувале со јавноста и да шпекулираме се додека комплетно не заврши вештањето. Штом заврши ќе има соопштение и ќе ги доставиме нашите наоди, вели Котевски.

Новинари и граѓани реагираат на социјалните мрежи дека МВР постапува нетранспарентно и не споделува никакви информации со јавноста во врска со истрагата, иако се работи за новинар и јавна личност од широко општествено значење, со што само придонесува во подгревањето на шпекулациите.

Во меѓувреме, се поставуваат отворени прашања во врска со околностите во кои загина Младенов. Каде бил пред несреќата, од каде доаѓал, дали се разгледани неговите телефонски листи и камерите од наплатните рампи на патарината по која Младенов би морал да помине.

Неговата сопруга последен пат го чула во 22 часот вечерта, кога тој кусо и одговорил дека има уште малку работа и дека бргу ќе си дојде дома. Младенов од дома излегол некаде околу 19 часот. Во тоа време требало да се сретне со Кире Наумов, поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање. Наумов за Нова рече дека по неуспешните обиди да го добие на телефонот ( на едниот не бил достапен, а на другиот исклучувал), престанал да го бара под претпоставка дека нешто важно му искрснало.

Телото било пронајдено речиси 12 часа по несреќата, а го пријавил вработен во Македонија пат. Според портпаролот на МВР, не било многу чудно тоа што никој не обрнал внимание на разорената банкина, па ниту полициската патролна служба.

-Можно е да не се забележи. Ќе видите скршена банкина кога поминувате, претпоставувате дека нешто се случило пред вие да поминете и одминувате. Исто и патролната служба, а патишата и банкините се надлежност на Македонија пат не на МВР, одговори Котевски.

Во секое време се очекува да излезат наодите од вештачењата на судска медицина и МВР, кои можеби ќе понудат повеќе детали.

Фото: Превземено од Утрински весник

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.