Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставен суд: Изјавите на Пендаровски за Законот за јазиците се неточни

0
By Zoran Ivanov on March 19, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 19, 2026 10:18

Имајќи ја предвид сензибилизираната јавност за овој предмет, високиот степен на јавен интерес, особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации.

Изјавите на поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски за Закон за употреба на јазиците се неточни и не кореспондираат со фактичката состојба, реагира Уставниот суд.

„Во емисијата „Дебатен агол“ на Tevë1, објавена на 13 март 2026 година, од страна на поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски,  беше изнесена неточна информација поврзана со предмет кој е во постапка пред Уставниот суд.

Имено, беше наведено дека:

„Некој, наводно обичен граѓанин, непознат на јавноста, поднел барање до Уставниот суд со кое се оспорува Законот за употреба на јазиците, односно дека истиот не е во согласност со Уставот и бара поништување на тој Закон. Па бидејќи ние живееме во мала држава, сите веруваат дека зад тој обичен граѓанин сигурно стои политичка партија. Сега одеднаш, по неколку години практицирање на тој Закон некој вели да го преиспитаме тој Закон, да го консултираме Уставниот суд, како и дека „Уставниот суд веќе закажал расправа за ова прашање во следните месеци и може да биде голем проблем доколку Судот го поништи тој Закон“.

Уставниот суд укажува дека ваквите изјави не се точни и не кореспондираат со фактичката состојба. Дека не станува збор за „подносител кој е непознат за јавноста”, туку за 13 иницијативи поднесени од 45 подносители, меѓу кои има и политички партии, професори, адвокати, здруженија и граѓани. Оваа информација во повеќе наврати изминатите години е јавно објавена од страна на Судот, во рамки на неговата заложба за транспарентност.

-Имајќи ја предвид сензибилизираната јавност за овој предмет, високиот степен на јавен интерес, особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации, без разлика дали се наменети за домашната или меѓународната јавност. Дополнително, прејудицирањето на одлуката на Судот, како и изнесувањето претпоставки за можните последици од одлучувањето, претставува несоодветен пристап кој може да влијае не само врз угледот на Судот, туку и врз перцепцијата за правниот поредок и институционалниот интегритет на државата- се вели во реакцијата на Судот.

Од Уставен информираат дека во конкретниот предмет не е донесена одлука.

Пендаровски во интервјуто за косовската телевизија зборувал за статусот на албанскиот јазик и предизвиците во неговата практична примена. Тој  посочил дека еден граѓанин поднел иницијатива до Уставниот суд, барајќи укинување на законот, што може да предизвика голем проблем доколку законот биде укинат.

-Тој е службен јазик поради 20 проценти од луѓето што живеат во оваа земја. Во меѓувреме, донесовме два закона за јазиците. Главниот закон е на сила, но постои и закон што ја регулира употребата на албанскиот јазик. Првиот закон е донесен во 2008 година, додека вториот е од 2018 година. Го менувавме тој закон неколку пати со цел да ги подобриме правата на Албанците. Значи, го менувавме овој закон неколку пати, подобрувајќи ги правата на Албанците. Што се случи во меѓувреме? Некој, наводно обичен граѓанин, непознат на јавноста, поднесе барање до Уставниот суд велејќи дека законот за јазикот, за албанскиот јазик, не е во согласност со Уставот и побара поништување на овој закон… Уставниот суд веќе закажа расправа за ова прашање и ќе биде голем проблем ако го поништат овој Закон за јазиците што наводно не е во согласност со Уставот -изјавил Пендаровски во интервју за „Teve1“.

Тој нагласил дека главниот проблем останува практичната примена на законот, особено во институциите и судскиот систем.

-Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот. Едно ниво е утврдено со закон, но не го гледаме во реална употреба меѓу луѓето. Според мене, ако законот постои само за да можат некои албански политички партии да кажат „донесовме закон со најдобри можни стандарди за употреба на албанскиот јазик“, тогаш тоа е политичка пропаганда. Од моја гледна точка, сосема е различно – законот треба да биде во интерес на сите, на секого. Албанец што живее тука треба да се праша дали овие права се применуваат во секојдневниот живот. И ако, и покрај ова, тие не се применуваат целосно, тогаш ќе има такви што би сакале да го оспорат дури и она што е напишано во законот – кажал екс-претседателот.

Извор: Слободен печат.мк

 

#Уставен албанскиот јазик Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.