Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд го одби Барањето за слободи и права на Димитар Апасиев против Талат Џафери

0
By Marija Todorovska on April 9, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставниот суд на денешната седница го одби барањето на лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев поднесено против поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери.

Врз основа на утврдената фактичка состојба на јавната расправа, Судот оцени дека нема правно релевантни факти дека во овој случај и со конкретните дејствија преземени од тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери на подносителот на Барањето му била повредена слободата на политичкото дејствување и дека истиот бил дискриминиран поради политичката припадност, поради што се исполнети условите од член 56 од Деловникот на Уставниот суд за одбивање на барањето, соопшти Уставниот суд.

Од Уставен велат дека ги прифатиле изјавите на тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кои беа изнесени на јавната расправа пред Судот, дека во случајот единствено исправно било да се применат одредбите од членовите 135 и 136 од Деловникот на Собранието, бидејќи со истите се регулира постапката кога пратеник поднесува предлог-закон и му се дава овластување на Претседателот на Собранието да побара од пратеникот во определен рок предлогот да го усогласи.

Судот оцени дека д-р Димитар Апасиев требало да постапи во тој рок и да го уреди поднесокот, бидејќи станува збор за поднесување на граѓанска иницијатива од страна на пратеник, па така сосема логично било доставата на известувањето да му биде извршена во Собранието, а не на домашната адреса. Од исказите на странките на јавната расправа јасно произлегува дека подносителот на барањето за заштита на слободите и правата, Димитар Апасиев, не го испочитувал рокот од 15 дена за уредување на поднесокот односно предлогот, поради што истиот бил отфрлен како да не бил поднесен.  Со постапувањето на овој начин со поднесената иницијатива од страна на подносителот на барањето сметаме дека претседателот на Собранието не ги пречекорил своите овластувања, бидејќи од одредбите од Деловникот на Собранието, посебно од одредбата од член 60 од Деловникот, јасно произлегува дека претседателот на Собранието ја испитува уредноста на предлогот за покренување граѓанска иницијатива за распишување на референдум на државно ниво, се наведува во соопштението.

Следствено на ова, како што посочуваат од Уставниот суд, со доставување на предметното известување дека иницијативата треба да се дополни и доуреди, претседателот на Собранието Талат Џафери ги исполнувал своите законски и деловнички обврски да се грижи за примена на Деловникот.

Со ваквото постапување на претседателот на Собранието, според мислењето на Судот, на подносителот на барањето д-р Димитар Апасиев не му била повредена слободата на политичкото дејствување од член 110 алинеја 3 од Уставот, од причина што тој како пратеник имал на располагање и други начини и инструменти преку кои можел прашањето за распишување на референдум на државно ниво за конкретното прашање да го изнесе пред Собранието, како што е на пример можноста што ја дава член 184 од Деловникот на Собранието според кој секој пратеник има право до Собранието да предлага донесување на декларации, резолуции, одлуки, препораки и други општи акти.

Во постапувањата и дејствијата на Талат Џафери, Судот цени дека не постојат ниту елементи на дискриминација, од причина што и по иницијативата што претходно (во септември 2022 година) била поднесена од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за распишување на референдум во врска со договорот со Бугарија, претседателот на Собранието постапил на истиот начин и го известил подоносителот на таа иницијатива дека истата е неуредна од формални причини и не ја проследил до надлежните собраниски комисии, се наведува во соопштението од Уставниот суд.

Уставниот суд денеска не се поведе постапки за Закон за преземање на административни службеници вработени преку К-5 програма во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, за член 69 став 1 и член 70-а став 3 од Законот за шумите, како и за член 9 став 6 од Законот за приватизација на државниот капитал.

Апасиев Уставен суд џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.