Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усвоен и третиот амандман за гаранција на суверенитетот на соседите

0
By Нова ТВ on November 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 10 гласови „за“ и два „против“, собраниската Комисија за уставни прашања доцна попладнево го усвои амандманот 35 со кој се предлага додавање нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичка независнот на соседните држави.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска после попладневната пауза во своето обраќање на Комисијата постави повеќе прашања до министерот за надворешни работи Никола Димитров меѓу кои и за начинот на договарање на уставните амандмани по телефон со нашиот јужен сосед. Според неа, тоа изгледа како да сме регион на Грција или нејзина федерална единка за која „Централата“ ќе ни каже како да го смениме уставот.

-Мислам дека амандманите веќе се подготвени и ќе се повторам дека имаме работа со сериоозна дипломатоија и дека ова е само претстава за јавноста и за задржување на мнозинството дека имаме интеракција и консензус. Амандманите се готови уште со самото потпишување на Договорот и ова треба така да помине колку граѓаните да речат дека еве овие нешто се договараат во Собранието, истакна Ласоска.

Во однос на Договорот, Ласкоска имаше забелешка и за, како што рече, „егејското прашање“ за кое, според неа, можеле да побараат Македонците во Грција да бидат признаени.

Министерот Димитров во својата реплика рече дека не знае за кои амандмани по телефон зборува пратеничката и додаде дека приметил дека во дебатата најмногу се говорело за потребата да се променат државотворно-правните одлуки на АСНОМ.

-Кажав дека тоа можеме сите заедно да го формулираме и кога ќе дојдеме во фаза на предлог амандман, можеби токму оваа формулација да ја користиме. Амандманите ги формулираме тука, низ овој процес, а низ разговорите со нив само добивме сигнали каде се гледаат проблем, истакна Димитров.

Пратеничката Весна Дамчевска Илиевска рече дека Република Македонија со Договорот прави отстапки од дел од своето битие и дека кога објаснувањето и толкувањето на договорот од страна на премиерот Зоран Заев и министерот Димитров би биле содржина на договорот, би биле по вредни, но, спред неа, не е исто толкувањето и она што е понудено. Таа го праша министерот зошто кога побарале за внатрешна употреба да го користиме уставното име Република Македонија било одбиено од другата страна и кои им биле аргументите.

Министерот Димитров рече дека на средбите Грците не прифаќале да се користи нашето уставно име за домашна употреба, бидејќи сметале тоа ние нема да го правиме уште во 1995 година и затоа немаат доверба, но и дека нашата доверба е изгубена после хашката пресуда.

-Затоа во Договорот се обидувавме да вградиме механизми, како ние ќе чекориме кон тоа што нас ни треба, така имплементацијата да оди кон тоа што нив им треба и затоа овие уставни амандмани влегуваат согласно одредбите на одлуката за прогласување на уставниот амандман, појасни Димитров и додаде дека во разгвор со двотретинското мнозинство пратеници што ја отвори постапката, договорено е да биде додадено, за секој од овие четири амандмани, дека ќе влезат во сила тогаш кога спогодбата и пристапните преговори за нашето членство во НАТО ќе бидат ратификувани во Грчкиот парламент.

Последен пред Комисијата се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој неколку пати беше предупреден од претседателот на Комисијата Талат Џафери дека неговата дискусија не се однесува за амандманската расправа. Тој до крајот на неговиот говор читаше бројки од излезноста на референдумот во скоро сите општини поединечно за што сметаше дека граѓаните се изјасниле против Договорот со Грција.

Комисија за уставни прашања Нацрт амандмани трет амандман
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.