Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре и задутре неколку улици во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај

0
By НОВА ТВ on September 6, 2021 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
Photo mms.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во централното градско подрачје на град Скопје утре 7.9.2021 година (вторник), почнувајќи од 11:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат:

– ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Димитрие Чупоски“ во правец на движење од ул. „Васил Главинов“ до ул. „Филип Втори Македонски“, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.

– Од 23.00 часот на 7.9.2021 година до 11:00  часот на 8.9.2021 година  дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. „Даме Груев“ на потегот од крстосницата со ул. „Македонија“ до крстосницата со ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Филип Втори” на потег од Кеј „13-ти Ноември“ до ул. „11-ти Октомври“ и ул. „11-ти Октомври“ на потегот од бул. „Кочо Рацин“до ул. „Даме Груев“.

На 8.9.2021 година (среда) ќе се одржи централната прослава „30 години независност“ и почнувајќи од 11:00 часот до завршување на настанот затворени за сообраќај ќе бидат:

– бул. „Кочо Рацин“ на потегот од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“,

– ул. „11-ти Октомври“ на потегот од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“,

– ул. „Филип Втори“ на потегот од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11–ти Октомври“,

– кеј „13–ти  Ноември“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,

– ул. „Мирче Ацев“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,

– ул. „Димитрија Чуповски“ на потегот од порта Македонија до бул. „Климент Охридски“,

– ул. „Даме Груев“ од крстосницата со ул. „Македонија“ до ул. „11-ти Октомври“.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштија од Владата.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

измени Скопје сообраќај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.