Во вторник, 11 март, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена една од водечките белканто опери „Лучија од Ламермур“.
Во насловната улога ќе настапи Ана Дурловски, улогата на „Лучија“ се смета за врв во т.н. колоратурно пеење.
Ана Дурловски, добитничка на европски „Оскар“ од германското јазично подрачје, за врвна оперска интерпретација за 2012 година, во октомври годинава ќе настапи на една од престижните оперски сцени во светот, познатата „Метрополитен“ опера во Њу Јорк.
Во останатите улоги ќе настапат: Борис Трајанов, Ѓорѓи Цуцковски, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Марика Поповиќ и Зоран Даскаловски.
Диригент е Норман Виџаја од Индонезија.