Во петок, на 11 октомври 2013 година, официјално започнува со работа Albafone – четвртиот мобилен оператор во Република Македонија.
Сега сè е подготвено, Albafone го означува почетокот со работа на 11 октомври 2013. Екипа од професионалци и експерти од сите области вложија голем напор и труд за Albafone да им служи на корисниците со голема посветеност.
За одбележување на почетокот со работа, Albafone ќе подарува по 1000 телефонски броеви во првите две продавници кои ќе се отворат во петок. Првиот продажен салон за прв пат во историјата на Albafone ќе започне со работа во 09:00 часот, кој се наоѓа на вториот кат во Т.Ц. Сити Галери во Скопје. Вториот продажен салон на Albafone кој се наоѓа на ул. Џон Кенеди, ќе започне со работа исто така во петок, во 11:00 часот. Сите заинтересирани можат да се појават пред продавниците за да го добијат својот бесплатен телефонски број од Albafone и со тоа да влезат во историјата на првиот албански оператор на мобилна телефонија во Македонија.
Како дистрибутери на Albafone се ангажирани неколку познати компании на оваа област, со што се овозможува компанијата Albafone да биде поблиску и достапна до клиентите во целиот регион и континуирано да ја проширува својата мрежа за да обезбеди квалитетна услуга.
Подготвени се низа дополнителни услуги, кои ќе нидат уникатни,а воедно ќе придонесат кон олеснување на комуникацијата. Тие услуги за кратко време ќе бидат присутни на пазарот. Една од главните цели на Albafone е да им служи на корисниците. За брзо професионално извршување на сите прашања и барања, ќе се работи со “six sigma” идеологија. Albafone ќе расте заедно со своите корисници, секогаш ќе ги следи и применува најновите технолошки иновации и за кратко време ќе понуди нови услуги на пазарот.