Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре почнува 19. издание на Таксират и 9.Десонанц

0
By Нова ТВ on November 29, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Десетина настани со учество на пвоеќе од 60 артисти ќе понуди деветнаесетото издание  на музичкиот фестивал Таксират што во партнерство со Десонанц фестивалот ќе се одржи од утре до 9 декември во Младинскиот културен центар.

Катарина Евго, претставник на „Пасворд продукција“ која е организатор на Таксират,  истакна дека гости на фестивалот се музички уметници од голем број земји од Европа, но и бројни претставници од македонската сцена. Посeбен сегмент ќе биде тридневната пин-конференција на која ќе учествуваат повеќе од 100 гости говорници, реномирани имиња кои стојат зад најреномираните фестивали во Европа, најголемите букинг агенции и најзначајните алтернативни издавачки дискографски куќи.

– Скоро 20 години Таксират ја покажува убавата страна на Скопје, а потврда за тоа е токму пин – конференцијата со која Скопје го претвораме во збирно место на креативната енергија и музичкиот пркос не само на артисти од домашната музичка сцена, туку и од целата европска сцена, како и на музички професионалци од коишто можеме многу да научиме кога станвуа збор за музичката индустрија, рече Евго.

Во вечерните часови, пак, предвидени се повеќе од 30 настапи на музички артисти  од земјава, од регионот и од Европа, а ќе ги отвори концертот на австралиско-американската група „Лајерс“ и македонскиот бенд Палиндром. Меѓу учесниците се и Баба Зулу од Турција, нашите Баклава, Фолтинг и Културно-уметнички работници кои ќе го промовираат својот нов албум, како и Визељ од Белград, Ет Павлијон од Австрија…

Фестивалот на електронска музика – Десонанц како што рече неговиот директор Андреј Анчевски, ќе понуди поглед на новите текови и остварувања од електронската сцена ставајќи го Скопје на мапата на светот на електронска музика. Тој најави и враќањето на македонскиот сејберпанк бенд Киборг по пауза од 20 години.

Инаку, дел од Таксират годинава ќе бидат и концертот на 7 декември на Дарко Рундек, кој одбележува 20 години од неговиот прв албум „Апокалипсо“, а на 9. декември сцената на фестивалот ќе биде резервирана за најмладите алтернативни групи од домашната сцена во рамки на тн. Лузер фест.

Главната вечер што традиционално се одржува како заокружување на програмата на Таксират оваа година нема да се одржи во Метрополис арената на Скопски саем кој веќе не постои, туку во Вип арената Борис Трајковски со ексклузивен настап на пионерите на електронската музика  – легендарните Крафтверк, на 27 февруари со импозантно 3Д-аудио-возулено шоу.

Таксират 19 издание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.