Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре почнува второто издание на КРИК

0
By Нова ТВ on December 13, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре (четврток 14 декември), во Музејот на современа уметност ќе биде отворено второто издание на КРИК – фестивал и платформа за критичка култура, кој годинава ќе ја обработува генералната тема: „Постојано во транзаиција – заробеност во скршените огледала“.

Првата вечер е посветена на колективот за теорија, уметност и култура од Санкт Петерсбург „Что Делат“. (https://chtodelat.org/)

19:00-19:30 Отворање на фестивалот: Министер за култура Роберт Алаѓозовски.

19:30 – 20:30 Презентација на работата на колективот „Что делат“

20:30 – 21:15 „Вештерство и солидарност“ – воведно предавање на Оксана Тимофеева

„Во одредени аспекти, револуцијата е чудо“, рече Ленин. А, пак, Роланд Бур ќе прокоментира дека клучната идеја за Лениновата равенка на револуција и чудо е тензијата помеѓу организацијата и спонтаноста, помеѓу таканаречената партиска авангарда и спонтаноста на народот или масите, разбрана како супстанца која историски станува субјект. Организацијата и спонтаноста се два термини на дијалектичката опозиција, а она што се чини чудесно е нивната синтеза. Фокусирајќи се конкретно на нечовечките аспекти на револуционерните напори, јас ќе ги разгледам овие два термина во многу специфична форма – вештерство и солидарност.

Оксана Тимофеева е доцент на Европскиот универзитет во Санкт Петерсбург и виш научен соработник на институтот за филозофија на Руската академија на науките во Москва. Таа е член на уметничкиот колектив „Что Делат?“(Што да се прави?) како и заменик уредник на списанието „Стасис“. Автор е на две книги „Историја на животните“ (Јан Ван Ајк, 2012; Москва, 2017; Блумсбери, 2018) / “History of Animals“ (Jan van Eyck, 2012; Moscow, 2017; Bloomsbury, 2018) и „Вовед во еротската филозофија на Жорж Батаиј“ (Москва, 2009) / “Introduction to the Erotic Philosophy of Georges Bataille“ (Moscow, 2009).

21:15 – 21:50 Проекција на филмот “Palace Square 100 Years After. Four Seasons of Zombie” (2017)

„Что Делат“ (Што да се прави?) е колектив на уметници, критичари, филозофи и писатели од Санкт Петерсбург, Москва и Нижни Новгород, којшто има за цел да ги спои политичката теорија, уметноста и активизмот. Групата е формирана во 2003 година.

Името на колективот се поврзува со првата организација на социјалистичкиот работник во Русија, која Ленин ја актуелизира во сопствената публикација: „Што да се прави?“ (1902). Колективот, како заедница која се занимава со огранизација на културни активности, но и политизација на „продукцијата на знаења“ од 2003 година започнува со издавање на англиско-руски весник, фокусиран на актуелни прашања од руската културна политика, во корелација со меѓународните настани.

„Что Делат“ се застапуваатза еднаквост на сите луѓе, притоа борејќи се против различните форми на патријахатот, хомофобијата и родовата нееднаквост. Своите идеи ги пренесуваат преку широка уметничка продукција на: филм, театарски претстави, радио програми, мурали, како и проекти, јавни кампањи и семинари. Главно се фокусирани на отфрлањето на сите форми на угнетување, вештачко отуѓување на луѓето како и нивно искористување и експлоатација. Тие инсистираат на еднаква распределба на природните ресурси и богатството произлезено од човековиот труд, со цел благосостојба за сите.

Делата на колективот се карактеризираат со надреална сценографија, типичност, употреба на ефект на отуѓување, но најмногу со аналитички пристап на конкретни социјани и политички проблеми. Сите овие активности се координирани од јадрото на групата составено од: Цаплја Олга Егорова (уметник), Артиом Магун (филозоф), Николаи Олеиников (уметник), Наталија Першина / Глјоклја (уметник), Алексеи Пензин (филозоф), Александр Скидан (поет и критичар) Оксана Тимофеева (филозоф), Дмитри Виленски (уметник) и Нина Гастева (кореограф).

*КРИК – фестивал за критичка култура има цел да ги промовира уметничките и културните практики како општествено релевантни алатки кои ќе придонесат за еманципација и демократизација на социо-културниот контекст. КРИК ќе застане во одбрана на правото на критичка култура, која постојано ќе ги поместува границите на еманципаторските политики во социо-културниот простор. КРИК е платформа низ која ќе се истражуваат и изучуваат можностите за проникнување меѓу естетското и политичкото, меѓу уметничките практики и нивното влијание врз пошироката демократизација на општеството, меѓу граѓанските заедници и медиумските облици на борба.

Крик 2017
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.