Зелен Хуман Град утре ќе одржат мирен протестен марш бидејќу институциите се уште не одговориле на нивните барања „за истекувањето на токсични материи предизвикано од рудникот Тораница, туку и в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, јавно кажа дека инспекторите не зеле мостри зашто „очигледно е дека имало еколошки инцидент, не треба инспекторите сега со мостри да видат дали има, гледаат дека има!“.
Во целата оваа трагедија единствено очигледно е дека имаме непростливи институционални пропусти и нас нѐ интересира кој од службените лица ќе одговара за нив!, велат од Зелен Хуман Град.
Мирниот портестен марш ќе започне во 12:30 часот пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а крајната точка е Државниот инспекторат за животна средина.